Пристигна и фамозното ,,Here we go’’: Олмо ќе биде нов играч на Барса

August 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пристигна и фамозното ,,Here we go’’: Олмо ќе биде нов играч на Барса

Дани Олмо ќе биде новиот фудбалер на Барселона, пренесува Фабрицио Романо со познатото ,,Here we go’’. Спортскиот директор Деко беше во Лајпциг каде успеа да го затвори трансферот за сума од 55 милиони евра фиксни плус седум во бонуси. Олмо ќе потпише договор на шест години, а Шпанецот конечно се враќа дома каде претходно беше дел од Ла Масија, школата на Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.