Проблем за Арсенал: Салиба заработи црвен картон, ќе го пропушти големото дерби! (ВИДЕО)

October 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблем за Арсенал: Салиба заработи црвен картон, ќе го пропушти големото дерби! (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Бормут и Арсенал е нерешен и без голови на полувремето. Она што е лоша вест за Арсенал е црвениот картон на Салиба кој го повлече Еванилсон. До овој момент дојде откако Тросар сакаше да ја врати топката на голманот при што напаѓачот на Бормут се најде во добра ситуација за да го нападне голот на Арсенал. Во тој момент францускиот стопер се обиде да реагира па го повлече напаѓачот при што сега ќе го пропушти наредниот натпревар против Ливерпул. Ова воедно е првиот црвен картон за Салиба во неговата кариера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.