Проблем за Ханси Флик: Се повреди Дани Олмо

January 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблем за Ханси Флик: Се повреди Дани Олмо

Барселона повторно се соочува со предизвици, овој пат поврзани со шпанскиот репрезентативец Дани Олмо. По ремито против Хетафе (1:1), каталонскиот гигант потврди дека Олмо се здобил со повреда што ќе го оддалечи од терените на одреден период. Ова значи дека сигурно нема да биде достапен за натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, а неговото учество во следниот меч од Ла Лига останува неизвесно. Да потсетиме, Барселона неодамна се бореше за регистрацијата на Олмо за вториот дел од сезоната, што успеа да го реализира пред финалето на Суперкупот на Шпанија, каде што тој запиша настап. Сега, со оваа повреда, тимот ќе мора да најде начин да се справи со отсуството на клучниот играч, додека продолжува да се натпреварува на сите фронтови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.