Проблеми и надвор од теренот: Гвардиола се разведува по 30 години брак, откриена причината

January 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблеми и надвор од теренот: Гвардиола се разведува по 30 години брак, откриена причината

Пеп Гвардиола, се разведува од сопругата Кристина Сера по три децении заеднички живот. Разводот доаѓа во време кога „граѓаните“ иако моментално бележат солидни резултати, сепак имаат очајна сезона. Кристина Сера, која се врати во Барселона со нивната најмлада ќерка Валентина уште во 2019 година, живеела одвоено од Пеп повеќе од пет години. Во меѓувреме, Гвардиола останал во Англија поради професионалните обврски, додека таа продолжила да води модна компанија. Парот има три деца – покрај Валентина (17), тука се и Марија (24) и Мариус (22). Според шпанскиот Relevo, причината за разводот е нивниот долгогодишен раздвоен живот, кој станал неподнослив за обајцата. Во текот на изминатите години, и покрај обидите да го зачуваат бракот, тие заклучиле дека тоа не е возможно и дека најдобро решение е да се разведат. Информациите велат дека Гвардиола и Сера одржале мирна и отворена комуникација, што довело до развод во добри односи. Времето ќе покаже дали ќе успее да ја врати формата на Манчестер Сити во оваа сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.