Проблемите продолжуваат и со Аморим: Нотингем славеше на ,,Олд Трафорд’’! (ВИДЕО)

December 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблемите продолжуваат и со Аморим: Нотингем славеше на ,,Олд Трафорд’’! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед продолжува да се соочува со криза во Премиер лигата, откако го запиша вториот пораз по ред, покажувајќи дека дури и Рубен Аморим не може брзо да ги стабилизира „црвените ѓаволи’’ во моментов. На „Олд Трафорд“, тимот претрпе пораз од 2-3 против Нотингем Форест во натпревар полн со пресврти и драма. Дуелот започна шокантно за домаќините, кога Никола Миленковиќ уште во втората минута го замолкна „Театарот на соништата“. Радоста на гостите траеше кратко, бидејќи Рaзмус Хојлунд израмни во 18. минута, носејќи надеж за Јунајтед. Но, второто полувреме донесе нова катастрофа за тимот на Аморим. Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд беа главните јунаци за Форест, постигнувајќи два гола рано во вториот дел, што ги остави домаќините во неповолна позиција. Иако капитенот Бруно Фернандеш со гол во 61. минута се обиде да врати надеж за својата екипа, Манчестер Јунајтед не успеа да израмни, завршувајќи го натпреварот со уште еден горчлив пораз. Очигледно на Аморим ќе му треба многу време за да го врати тимот на вистинскиот пат, а тоа ќе бара многу трпение.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.