Проблемите за Пикси продолжуваат: После Влаховиќ, нема да настапат и СМС и Митровиќ!

August 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Проблемите за Пикси продолжуваат: После Влаховиќ, нема да настапат и СМС и Митровиќ!

Очигледно е дека во таборот на Србија атмосферата е тензична, а тоа го покажуваат и последните случувања. Селекторот Пикси го објави списокот натпреварите во Лигата на нации каде Србија ќе се натпреварува во во А-дивизијата. Тие треба да се сретнат со Шпанија и Данска, но проблем е што многу од важните играчи во селекцијата го одбија повикот, со причина или не. По Европското првенство, од националниот тим се прости капитенот Душан Тадиќ, а се откажаа и играчи како Гудељ, Младеновиќ, Гачиновиќ и Костиќ. Со последниот список кој го објави, Влаховиќ го одби повикот, а поради повреди се откажаа Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. За многумина тоа е чудно бидејќи двајцата синоќа одиграа по 90 минути за Ал Хилал. Српските медиуми и после Европското првенство, но и сега, пишуваат дека неколку играчи се скарале со селекторот и дека го поддржале капитенот Тадиќ, но и дека одредени фудбалери го известиле Пикси дека нема да играат за репрезентација се додека тој е селектор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.