December 28, 2024 | | Свет
Дани Олмо и Пау Виктор ќе бидат регистрирани без никакви проблеми, бидејќи претседателот Жоан Лапорта лично договорил соработка со нов спонзор од Блискиот Исток, кој ќе купи дел од местата во ВИП ложата на Spotify Camp Nou за сума меѓу 100 и 120 милиони евра, пренесе Sport. Наводно, останува само да се потпише договорот од страна на претседателот за да се озакони трансакцијата, а во Барселона сметаат дека со оваа соработка конечно ќе ја закрпат и дупката во финансискиот фер-плеј (FFP), враќајќи се во нормалните рамки на деловното работење. Лапорта вчера пристигнал во Дубаи со остатокот од делегацијата на Барселона за доделувањето на наградите Globe Soccer. Сепак, кога било објавено дека судот ја отфрлил тужбата на Барса, тој веднаш заминал за да ги заврши преостанатите детали на спонзорството на кое работел веќе неколку месеци.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |