February 22, 2025 | | Свет
Милан се наоѓа во незавидна ситуација, откако по израмнувањето на Рејндерс, домаќините за кратко пак поведоа и имаат предност од 2-1. Тимот на „росонерите“ одигра очајни 45 минути, во кои најпрво си постигна автогол, а потоа не успеа да искористи пенал за израмнување. Само што започна натпреварот, несреќна ситуација во одбраната на Милан доведе до комичен автогол. Голманот Мењон се обиде да расчисти топка, но ја погоди својот соиграч Чао, од кого таа се одби директно во мрежата. По разочарувањето во Лигата на шампионите, каде што Милан во вторникот одигра нерешено со Феенорд и беше елиминиран, очигледно тимот сè уште не може да се соземе од шокот.
maignan… pic.twitter.com/KXccejdQBb
— Inside Milan (@_InsideMilan) February 22, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |