October 31, 2024 | | Свет
Откако Роналдо не доби понуда од голем европски клуб во 2022 година, тој реши да го напушти фудбалот во Европа и да се проба во Саудиска Арабија кон крајот на 2022 година. Тој има неверојатна плата од 200 милиони евра по сезона, а и статистички има одлични бројки. На 76 натпревари има учинок од 67 гола и 18 асистенции, но кога станува збор за поголем тимски успех, истиот недостасува. „Тој веќе загуби девет титули во Саудиска Арабија“, пишува шпански „AS“. „Проклетството продолжува“, стои во текстот и се наведува дека испаѓањето од Купот е „деветтото разочарување за Роналдо откако пристигна во Саудиска Арабија во јануари 2023 година“. Натпреварувања кои Роналдо не ги освои со Ал Наср: Првенство (2022/23, 2023/24) Азиска лига на шампиони (2023/24) Куп (2022/23, 2023/24, 2024/25) Суперкуп на Саудиска Арабија (2022, 2023, 2024)
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |