Пропаѓа трансферот на Антони во Бетис?!

August 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пропаѓа трансферот на Антони во Бетис?!

Трансферот на бразилскиот фудбалер Антони во Реал Бетис доби драматичен пресврт вечерва, пренесува новинарот Бен Џејкобс. Манчестер Јунајтед прифатил понуда од 25 милиони фунти, во која е вклучена и клаузула за 50% удел при идно препродавање. На Антони му било дозволено да патува и да ги финализира личните услови со шпанскиот клуб. Сепак, Бетис проценил дека не може да ги исполни барањата за плата на играчот. Од клубот побарале Антони да прифати намалување на платата или Јунајтед да покрие дел од пакетот за трансферот. Иако понудата официјално беше прифатена, Бетис вечерва објави дека се повлекува од преговорите поради вкупните трошоци. Од Јунајтед, пак, сметаат дека тоа е дел од преговарачка тактика и очекуваат ново приближување. Во моментов постои застој меѓу двата клуба, а останува неизвесно дали Антони ќе се согласи на намалување на своите услови за да го реализира трансферот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.