August 9, 2025 | | Свет
Ливерпул во последните недели интензивно го „меркаше“ Александар Исак како големо засилување за нападот на Арне Слот, но англиските медиуми јавуваат дека овој трансфер веројатно ќе пропадне. „Телеграф“ пренесува дека Њукасл категорично ги прекинал сите преговори и на шведскиот напаѓач му пратил јасна порака – ова лето ќе останеш на „Сент Џејмс Парк“. Дека „страчките“ се цврсти во намерата да го задржат, говори и фактот што одбиле понуда од дури 140 милиони евра – износ кој ќе го направеше Исак најскапиот фудбалер на преодниот рок. Интересно е што Исак неодамна пропушти тренинг со првиот тим, наводно поради притисокот кој го вршел за да се пресели на „Енфилд“. Сепак, Њукасл нема намера да ризикува и да остане без клучниот голгетер, особено откако не успеа да најде соодветна замена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |