Протекоа нови детали од преговорите меѓу Анчелоти и Бразил

May 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Протекоа нови детали од преговорите меѓу Анчелоти и Бразил

Селекторската сага на Бразил добива нова димензија. Карло Анчелоти, актуелниот стратег на Реал Мадрид, е сѐ поблиску до преземање на најтрофејната репрезентација во историјата на светските првенства. Како што пренесе „Associated Press“, преговорите меѓу Италијанецот и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) се во тек, иако комплицирани поради важечкиот договор на Анчелоти со „кралевите“ до јуни 2026. Сепак, претседателот на CBF, Едналдо Родригез, и директорот Родриго Каетано активно ги водат разговорите, со надеж дека ќе имаат официјална одлука пред 20 мај, датумот кога Бразил треба да го објави списокот за квалификациските натпревари за СП 2026. Бразил е без селектор од крајот на март, откако Доривал Жуниор беше отпуштен по поразот од Аргентина со 1-4 во Буенос Аирес. Доколку преговорите со Анчелоти не успеат, во игра останува и португалскиот тренер Хорхе Жесус, моментално ангажиран во Ал Хилал. Дали Анчелоти ќе биде новиот предводник на „селесао“ или ќе ја одбере милионската понуда од Саудиска Арабија, ќе стане јасно во следните три недели.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.