Прв хет-трик за Мбапе во дресот на Реал за убедлив триумф кај Ваљадолид (ВИДЕО)

January 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Прв хет-трик за Мбапе во дресот на Реал за убедлив триумф кај Ваљадолид (ВИДЕО)

Реал Мадрид рутински славеше на гостувањето кај Ваљадолид со резултат од 0-3 и сите три гола ги постигна Килијан Мбапе за кого ова е прв хет-трик во дресот на тимот од Мадрид. Првиот гол падна во 30. минута, а асистент беше Белингем. Во вториот дел Мбапе ја дуплираше предноста во 57. минута, а третиот гол Мбапе го постигна во 91. минута со гол од белата точка. Со оваа победа Реал сега има 49 бода, четири повеќе од Атлетико и 10 повеќе од Барселона која има натпревар помалку. Во наредното коло Реал ќе гостува кај Еспањол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.