January 3, 2025 | | Свет
Во полуфиналето на Суперкупот на Италија, одиграно вечерва во Ријад, Милан го совлада Јувентус со 2:1. Јувентус прв поведе со голот на Јилдиз во 21. минута, доминирајќи во првиот дел од натпреварот. Сепак, во второто полувреме, Милан направи пресврт. Пулишиќ израмни на 1:1 во 71. минута, а пет минути подоцна, Гати постигна автогол, носејќи му предност на Милан. Во 90+6. минута, Гати имаше шанса да израмни, но не успеа да го погоди голот. Ова беше прв натпревар за новиот тренер на Милан, Серџо Консеисао, кој беше назначен пред три дена. Интересно е што неговиот син, Франциско Консеисао, остана на клупата за резерви на Јувентус, бидејќи се повреди за време на загревањето. Со оваа победа, Милан се пласираше во финалето на Суперкупот на Италија, кое ќе се одржи во понеделник во Ријад. Таму ќе се соочи со градскиот ривал Интер, кој во првото полуфинале го победи Аталанта.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 1-2 AC Milan | Federico Gatti (OG) OWN GOAL FROM FEDERICO GATTI !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/3gzJayYVqt
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 3, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |