Прв пораз за Ливерпул, изненадување и на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

September 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Прв пораз за Ливерпул, изненадување и на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во Премиер лигата оваа сезона, славејќи со 2:1 со драматичен гол на Едвард Нкетиа во 97. минута. „Орлите“ повторно ги запреа „црвените“ на Арне Слот – по победата во Комјунити Шилд, успеаја да триумфираат и во лигата. Сар го отвори резултатот во 9. минута, Киеза израмни дури во 87’, но Нкетиа во последните секунди донесе големо славје за Палас. Брајтон приреди друго изненадување откако со 1:3 го совлада Челси на „Стемфорд Бриџ“. „Сините“ поведоа преку Фернандез, но исклучувањето на Чалоба по старт врз Гомез го смени текот на мечот. Велбек израмни во 77’, Де Кујпер донесе пресврт во 92’, а Велбек во 100’ со втор гол стави печат на победата. Во другите натпревари Манчестер Сити доминираше против Барнли и славеше со убедливи 5:1, а Лидс и Борнмут одиграа возбудливи 2:2.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.