Првиот човек на саудискиот спорт го „претстави“ Салах во дресот на Ал Хилал

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Првиот човек на саудискиот спорт го „претстави“ Салах во дресот на Ал Хилал

Мохамед Салах, кој од 2017 година е дел од Ливерпул по пристигнувањето од Рома, долго време преговараше со управата на „црвените“ за нов договор, но без успех. Се повеќе шпекулации се појавуваат за неговата иднина, особено поради можноста да замине во Саудиска Арабија. Првиот човек на спортот во Саудиска Арабија, Турки Алалшик, ги изненади сите со објавата на фотографија од Салах во дресот на Ал Хилал, што дополнително ја засили неизвесноста околу египетската ѕвезда. Иако засега нема потврдени информации дали Салах води преговори со Ал Хилал, ваквата објава го насочи вниманието на медиумите и фудбалските фанови кон евентуалниот трансфер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.