June 15, 2025 | | Свет
Отворањето на Светското клупско првенство не донесе голови, но понуди доста возбудувања. Натпреварот меѓу Интер Мајами и египетскиот гигант Ал Ахли заврши 0-0, а херој на мечот беше голманот на американскиот тим, Оскар Устари. Устари блескаше меѓу стативите со неколку клучни интервенции, вклучувајќи и одбранет пенал во завршницата од првото полувреме, кога го прочита ударот на Трезеге. Со ваквата партија, заслужено беше прогласен за играч на натпреварот. Ал Ахли беше поактивен во нападот, особено во првите 45 минути, кога создаде неколку прилики и дури и постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. И покрај притисокот, не успеа да ја пробие одбраната на Мајами. На другата страна, Лионел Меси и Луис Суарез го одиграа целиот натпревар, но не успеаја да направат разлика на теренот. Интер Мајами остана без реална закана пред голот на Ал Ахли, а нерешениот резултат е реален одраз на прикажаното.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |