Првиот список на Анчелоти во Бразил: Нема место за Нејмар и Родриго! (ФОТО)

May 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Првиот список на Анчелоти во Бразил: Нема место за Нејмар и Родриго! (ФОТО)

Ново лице на чело, нова ера за „Кариоките“. Легендарниот италијански стратег Карло Анчелоти и официјално го објави својот прв репрезентативен список како селектор на Бразил, подготвувајќи го тимот за престојните квалификации за Светското првенство 2026. Иако се очекуваше камбек на големите ѕвезди, Анчелоти донесе одлука која предизвика бројни реакции – на списокот ги нема Нејмар и Родриго. Овој потег ја сигнализира намерата на новиот селектор да ја освежи селекцијата и да започне со креирање на нова генерација, подготвена да се бори за светска круна. Бразил го започнува јунскиот квалификациски циклус со две сериозни пресметки – на 6 јуни ќе гостуваат кај Еквадор, а пет дена подоцна, на 11 јуни, ќе го пречекаат Парагвај на домашен терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.