Прво го одби Ливерпул, а сега ги моли да го купат!

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Прво го одби Ливерпул, а сега ги моли да го купат!

Зубименди изгледа веднаш се покаја за својата одлука да остане во Реал Сосиедад откако летово реши да го одбие Ливерпул и да остане во својот клуб од детството. Тој сега наводно жалел за ваквата одлука, а „Estadio Deportivo“ пренесува дека Шпанецот веќе го контактирал раководството на Ливерпул за да побара од нив да тргнат по него. Зубименди има откупна клаузула од 60 милиони евра која Ливерпул беше спремен да ја плати, а слабите резултати на Сосиедад изгледа го натерале играчот од средниот ред да се предомисли и да реши да замине. Допрва ќе видиме како ќе се одвива оваа сага, а во меѓувреме, средината на Ливерпул засега делува солидно каде на позицијата заден везен фудбалер настапува Рајан Гравенберх кој добро се снаоѓа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.