Прво Милик, сега повреда и на Лева: Го пропушта првиот натпревар на ЕП

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Прво Милик, сега повреда и на Лева: Го пропушта првиот натпревар на ЕП

Уште една лоша вест за репрезентацијата на Полска. Откако Милик поради повреда отпадна од списокот, сега повреда и на Левандовски. Тој го скина мускулот во последниот конторлен натпревар кој Полска го играше против Турција. Ова значи дека нема да биде во можност да го одигра натпреварот со Холандија, првиот од трите во групната фаза. Тие прават се што можат за Левандовски да биде спремен за вториот натпревар. Полска е во група со Холандија, Австрија и Франција. Првиот натпревар го играат со Холандија, потоа со Австрија па со Франција.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.