ПСВ го искористи „поклонот“ од Ајакс и стана старо-нов шампион на Холандија (ВИДЕО)

May 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСВ го искористи „поклонот“ од Ајакс и стана старо-нов шампион на Холандија (ВИДЕО)

ПСВ Ајндховен е новиот стар шампион на Холандија, откако денеска ја потврди титулата со победа од 3-1 на гостувањето кај Спарта Ротердам. Иако во еден момент резултатот беше израмнет, ПСВ остана смирен и со головите на капитенот Лук де Јонг и Тилман ја обезбеди победата и ја завери 26-та титула во историјата на клубот. Овој успех доаѓа во период кога главниот конкурент Ајакс доживеа голем пад во форма, со само една победа во последните пет натпревари, вклучувајќи ја и денешната против Твенте (2-0), која сепак не беше доволна за да се задржи чекор со ПСВ.

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.