ПСЖ добива градски ривал чиј стадион е залепен до нивниот

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ добива градски ривал чиј стадион е залепен до нивниот

Со почетокот на следната сезона, францускиот фудбал би можел да добие ново големо градско ривалство помеѓу Пари Сен Жермен и Париз ФК. ПСЖ веќе долги години доминира во Лига 1, а нивниот успех значително се зголеми со доаѓањето на катарските инвеститори, кои го направија клубот еден од најсилните во Европа. Но, во Париз се појавува нов конкурент – второлигашот Париз ФК, кој неодамна доби моќен сопственик. Најбогатиот човек во Европа, Бернар Арно, сопственик на луксузниот конгломерат LVMH, во соработка со Ред Бул, има амбициозен план да создаде тим кој ќе ја прекине доминацијата на ПСЖ во францускиот фудбал. Во моментов, Париз ФК се наоѓа на второто место во втората лига и главна цел им е влез во Лига 1. Ако ги остварат овие амбиции, од следната сезона во Париз ќе гледаме ривалство кое ќе се одвива на само неколку метри растојание. Причината е што Париз ФК ќе игра на „Стад Жан Буен“, кој е буквално одвоен од „Паркот на принцовите“ со една улица – двата стадиони се наоѓаат на речиси исто место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.