ПСЖ го продава засилувањето од 95 милиони евра за „ситно“

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ го продава засилувањето од 95 милиони евра за „ситно“

Трансферот на Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт до ПСЖ во 2023 година изнесуваше 95 милиони евра, но само 16 месеци подоцна, францускиот напаѓач се наоѓа на прагот да го напушти клубот. На 54 одиграни натпревари, тој постигна само 11 голови и забележа седум асистенции, што го доведе ПСЖ во ситуација да размислува за неговото заминување, дури и со значителна финансиска загуба. Планирано е Муани да си замине уште овој месец, а единствено останува да се утврди дали тоа ќе биде преку позајмица или директен трансфер. Најголем интерес за него покажува Тотенхем, а од Италија, пак, интерес пројавуваат Милан, Јувентус и Рома. Очекувањата се дека ПСЖ нема да добие ни приближно до платените 95 милиони евра, бидејќи трансферот на Муани најверојатно ќе се реализира за околу 20 милиони евра, што би претставувало загуба од над 70 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.