ПСЖ го реши двомечот со Брест уште пред реваншот (ВИДЕО)

February 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ го реши двомечот со Брест уште пред реваншот (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен ја оправда фаворитската улога и го победи Брест со 0:3 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Од самиот почеток „светците“ беа подобриот тим, а водството го презедоа во 21. минута кога Витиња успешно реализираше пенал. Пред самиот крај на првото полувреме, Усман Дембеле, кој се наоѓа во одлична форма, зголеми на 0:2 по асистенцијата на Хакими.

Во второто полувреме, ПСЖ продолжи да напаѓа, а пет минути по неговиот почеток Дуе постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Сепак, во 66. минута Дембеле повторно погоди, поставувајќи го конечниот резултат. До крајот на натпреварот, тимот на Луис Енрике без проблем ја сочува својата предност и не му дозволи на Брест да намали. Со убедливата победа, ПСЖ со голема самодоверба ќе го дочека реваншот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.