ПСЖ и Атлетико Мадрид покажуваат интерес за Алварез, Сити не го дава

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ и Атлетико Мадрид покажуваат интерес за Алварез, Сити не го дава

Хулиан Алварез не е среќен во Манчестер Сити и постојат шанси тој да си замине. Оваа сезона постигна 11 гола и 9 асистенции во Премиер лигата, но ретко кога играше прва постава, најчесто придонесуваше од клупа.

Како што пренесува Фабрицио Романо, ПСЖ и Атлетико Мадрид се озбилно заинтересирани за него, но засега постои само интерес, а не понуди или преговори.

Сити од друга страна сака да го задржи, а разговори со неговиот клуб допрва треба да има, најверојатно после Копа Америка, ако одреден клуб не загриза посериозно.

Според „Transfermarkt“, тој вреди 90 милиони евра, а со Сити има освоено Премиер лига, Лига на шампиони, ФА куп, УЕФА Суперкуп и ФИФА Светско клубско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.