ПСЖ испрати понуда до Вирџил Ван Дајк

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ испрати понуда до Вирџил Ван Дајк

Ливерпул би можел да остане без капитенот Вирџил Ван Дајк ова лето, бидејќи неговиот договор истекува на 30 јуни, а ПСЖ веќе му испратил примамлива понуда. Тој наводно веќе имал контакт со челниците на парижаните, а клубот од „Паркот на принцовите“ му нуди договор вреден 40 милиони евра, кој со бонуси би можел да достигне и до 50 милиони евра. Според планот, Ван Дајк би се обврзал на соработка до јуни 2026 година, со можност за продолжување на уште една сезона. По натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и ПСЖ, тој бил забележан како разговара со сопственикот на клубот, Насер Ал-Келаифи, како и со спортскиот директор Луис Кампос.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.