June 15, 2025 | | Свет
Актуелниот европски шампион ПСЖ демонстрираше класа и со убедливи 4-0 го совлада Атлетико Мадрид, кој мечот го заврши со десет фудбалери. Францускиот тим тргна силно од самиот почеток, а доминацијата ја круниса во 19. минута кога Фабиан Руиз погоди од далечина. До крајот на првото полувреме, Витиња ја удвои предноста со гол во судиското продолжение. Атлетико се обиде да се врати во игра, но погодокот на Алварез во 58. минута беше поништен поради претходен фаул. Дополнителен удар за шпанскиот тим беше исклучувањето на Ленгле во 78. минута, по што останаа со играч помалку. Сорлот имаше шанса да намали, но не реализираше, а ПСЖ веднаш казни – Мајулу погоди во 87. минута за 3-0. Во завршницата, Ли од пенал го постави конечниот резултат од 4-0.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |