ПСЖ му нуди астрономска плата на Салах

January 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ му нуди астрономска плата на Салах

Мохамед Салах влезе во последните шест месеци од својот договор со Ливерпул, што му овозможува да започне преговори и да потпише преддоговор со клубови надвор од Премиер лигата. Иако тимовите од Саудиска Арабија покажуваат интерес, Салах не е наклонет кон таков потег, бидејќи сака да остане во Европа. Меѓутоа, ПСЖ претставува сериозен конкурент за Ливерпул. Според најновите информации, „светците“ веќе испратиле конкретна понуда, задоволувајќи го главното барање што Ливерпул досега одбива да го исполни. Египетскиот ас, кој на 32 години се наоѓа во извонредна форма, бара нов договор со траење од три години. Додека Ливерпул инсистира на двегодишна понуда, ПСЖ е подготвен да му понуди договор до 2028 година. Покрај тоа, францускиот клуб му нуди неделна плата од 500.000 евра, што е значително повеќе од понудените 400.000 евра од Ливерпул. Во наредниот период ќе биде интересно да се следи како ќе се развиваат преговорите. Медиумите во Англија веќе некое време пишуваат дека Салах дефинитивно ќе продолжи во Ливерпул, а постојат одредени информации кои велат дека тој веќе потпишал нов договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.