September 11, 2024 | | Свет
Проблемите помеѓу ПСЖ и Мбапе продолжуваат и откако тој веќе не е дел од тимот од Париз. Од претходно е познато дека ПСЖ му должи 55 милиони евра на Мбапе на име неисплатени плати и бонуси од минатата натпреварувачка сезона. Сега, правната комисија на Француската лига се понудила да биде медијатор во ваквите преговори, но од правниот тим на Мбапе ја одбиле ваквата можност. „Се спомена медијација, но веднаш одбивме такво нешто. Ова е едноставен случај, постои договор за плаќање и постои сметката на фудбалерот како доказ дали тие плаќања биле извршени согласно договорот. Се што треба е наједноставна анализа на финансиите на фудбалерот, нема потреба од медијација“, рекоа од правниот тим на Килијан Мбапе. Воедно, се огласија и од ПСЖ. „Пари Сен Жермен е задоволен од сослушувањето на двете страни од Правната комисија, кое траеше два часа. Од клубот потсетуваат дека фудбалерот дал јасни обврски, кои ги повторил и во приватни разговори и во јавни изјави во контекст на седум фантастични сезони во кои „Клубот направи невидени инвестиции. Според документите, преговорите меѓу двете страни, кои ПСЖ ги бара веќе неколку месеци, се побарани од играчот да го испочитува процесот на преговори“, стои во соопштението на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |