ПСЖ по една сезона реши да се ослободи од трансферот вреден 95 милиони евра

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ по една сезона реши да се ослободи од трансферот вреден 95 милиони евра

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го изгуби трпението со Рандал Коло Муани и Милан Шкрињар, па двајцата фудбалери ќе имаат можност да го напуштат клубот веќе во јануари. Иако двата играчи имаат договори со ПСЖ до 2028 година, изгледа дека нивната иднина во Париз е под голем знак прашалник. Коло Муани, кој оваа сезона има настапено на 14 натпревари, постигна два гола и една асистенција, но тие бројки не се доволни за тренерот Енрике, кој не смета на играчот за кој ПСЖ плати 95 милиони евра. Напаѓачот блескаше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт во сезоната 2022/23, постигнувајќи 23 голови и 17 асистенции, што доведе до големото потпишување со ПСЖ. Сепак, неговиот престој во Париз не ги оправда очекувањата. Во слична ситуација се наоѓа и Милан Шкрињар, кој по пристигнувањето во ПСЖ исто така не ги исполни високите стандарди. Засега се шпекулира дека двата фудбалери ќе бараат нови тимови во текот на зимскиот преоден рок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.