ПСЖ сака да го потпише Кварацкелија веднаш, ќе понуди и еден играч

January 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ сака да го потпише Кварацкелија веднаш, ќе понуди и еден играч

Иако Наполи одамна му има понудено нов договор на Квича Кварацкелија, сепак од неговата страна и понатаму нема одговор. Најголем интерес за Грузиецот покажува ПСЖ, пренесува Фабрицио Романо. Двата клуба се во директен контакт, а желбата на францускиот гигант е трансферот да се реализира овој преоден рок. Тие се отворени и да понудат играч (Милан Шкрињар) плус дополнителни средства. Италијанскиот новинар тврди дека сега се зависи од ставот на Наполи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.