ПСЖ спрема мегатрансфер кој ќе раздрма фудбалскиот свет

January 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ спрема мегатрансфер кој ќе раздрма фудбалскиот свет

Според Fichajes, Пари Сен Жермен е желен да го ангажира Кол Палмер. Парижаните сакаат да донесат големо име па би можеле да го тестираат Челзи со огромна понуда за миленикот на навивачите. ПСЖ е во потрага по нов лидер на теренот по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Во медиумите кружат имиња на потенцијални засилувања, па така се тврди дека главен кандидат е ѕвездата на Челси, Кол Палмер. Парижаните се подготвени да инвестираат значителни средства и да го реализираат вториот најголем трансфер во историјата. За потсетување, најскапиот трансфер е оној на Нејмар од Барселона во 2017 година, кој изнесуваше 222 милиони евра. ПСЖ наводно размислува да понуди 200 милиони евра за Палмер, кој блеска во дресот на „сините“. Оваа сезона тој има постигнато 13 гола и 6 асистенции, додека минатата сезона ја заврши со 22 погодоци и 11 асистенции. Важно е да се напомене дека ПСЖ веќе го поседува и вториот најскап трансфер – Килијан Мбапе за 180 милиони евра од Монако. Доколку го реализираат трансферот на Палмер, клубот ќе ги задржи трите најголеми трансфери во фудбалската историја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.