Пулишиќ блескаше: Милан убедлив против Удинезе (ВИДЕО)

September 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пулишиќ блескаше: Милан убедлив против Удинезе (ВИДЕО)

Милан стигна до третата победа во низа, откако на „Фриули“ без поголеми проблеми го совлада Удинезе со 0-3. Херој на „росонерите“ беше Кристијан Пулишиќ, кој запиша два гола и една асистенција. Во 40. минута, по одбиена топка, Пулишиќ најдобро се снајде и го отвори резултатот (0-1). На почетокот од второто полувреме Американецот блесна повторно – ја одзеде топката и му асистираше на Фофана за 0-2. Само неколку минути подоцна, по брза контра, Пулишиќ со прецизен удар ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат (0-3). По четири кола Милан има 9 бода и е трет на табелата, додека Удинезе со два помалку е на шестата позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.