July 8, 2024 | | Свет
Франција со бледа игра стигна до полуфиналето на Европското првенство каде утре ќе се сретнат со Шпанија каде стигнаа до тука без постигнат гол од игра. Како слаби поединци кога станува збор особено за нападот се истакнуваат Мбапе и Гризман кои се непрепознатливи. Фудбалерот на Атлетико Мадрид секогаш е меѓу најдобрите кога настапува за националниот тим и тој е клучен играч за оваа селекција, но на ова првенство тоа не е така и сега беше директно прозван од Адриен Рабио. „Сите сме изненадени од нивото на Гризман. Сите знаеме какви квалитети поседува и што правеше за нас на последниот мундијал. Таму беше еден од најдобрите во тимот. Не знаеме да објасниме што се случува, можеби не е физички на највисоко ниво. Очекуваме многу повеќе од Антоан, бидејќи знаеме декае може повеќе. Можеме да победиме и без него, имаме силен тим, но дефинитивно ќе ни биде полесно ако се појави вистинскиот Гризман“, вели Рабио.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |