September 7, 2025 | | Свет
Токму во периодот на репрезентативната пауза, од Италија доаѓа интересна приказна која може да привлече внимание. По враќањето на клупскиот фудбал, во Серија А не очекува дербито меѓу Милан и Болоња, натпревар што секогаш носи возбуда поради амбициите на двата клуба да се борат за европски пласман. Но, овојпат вниманието е насочено кон двајца фудбалери чии патишта неодамна се разделија на бурен начин. Станува збор за Адриен Рабио и Џонатан Роу, кои до пред неколку недели беа соиграчи во Олимпик Марсеј. Нивниот однос кулминираше со физичка пресметка во соблекувалната, по што клубот одлучи да се ослободи од двајцата. Рабио го засили Милан, а Роу заврши во Болоња. Судбината сакаше првиот нивни натпревар во новите клубови да биде токму еден против друг. Дуелот на „Сан Сиро“ носи дополнителна димензија – дали ќе има мирна професионална пресметка на теренот или ќе останат „искрите“ од Марсеј? Едно е јасно – инциденти нема да бидат толерирани, а јавноста со големо внимание ќе го следи овој необичен фудбалски ривалитет.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |