Работливите Невил и Карагер: Едниот го чистеше снегот, другиот го враќаше назад во теренот (ВИДЕО)

January 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Работливите Невил и Карагер: Едниот го чистеше снегот, другиот го враќаше назад во теренот (ВИДЕО)

Во дербито на 20. коло од Премиер лигата, денеска од 17:30 часот на „Енфилд“ Ливерпул ќе се соочи со Манчестер Јунајтед. Натпреварот, кој беше во неизвесност поради обилниот снег, доби зелено светло за одигрување околу 13 часот, откако условите на теренот се подобрија. Интересен момент се случи денеска на иконскиот стадион, каде поранешните англиски репрезентативци и аналитичари на Sky Sports, Џејми Карагер и Гери Невил, ги изненадија сите со своите постапки. Карагер навистина помагаше во расчистувањето на снегот од тревникот, додека Невил, со доза хумор, го враќаше снегот назад со лопата. Ова беше очигледна шега на сметка на неговата приврзаност кон Манчестер Јунајтед, бидејќи тој сугерираше дека би било подобро мечот да не се одигра, имајќи ја предвид лошата форма на „црвените ѓаволи“. Ливерпул ќе ја брани својата лидерска позиција во лигата, додека Јунајтед влегува во дуелот со 14-та позиција и серија од три последователни порази. За „црвените ѓаволи“, ова е шанса да избегнат дополнителен неуспех.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.