November 3, 2024 | | Свет
Рафиња сезонава игра одлично во Барселона каде стана еден од клучните играчи под водство на Ханси Флик. Претходно, клубот неколку пати сакаше да го продаде а Бразилецот бил свесен за тоа. „На моменти да, мислев дека клубот сака да ме продаде. Посебно во првите шест месеци, пред Светското првенство. Исто така почувствував и во други преодни рокови. Секогаш велеа на еден или на друг начин дека не сум доволно добар, дека треба да ме продадат. „Не чувствувам дека сега сум главен. Знам дека имам добра сезона, но целиот тим има. Доколку дадете 10 голови, но примите 10, мечот ќе заврши нерешено. Кога сите играат добро, напаѓачите истапуваат бидејќи ги постигнуваат головите. Но според мене, сите се главни“, рече Рафиња. Рафиња вели дека под водство на Чави знаел дека нема да ги одигра натпреварите до крај. „Со Чави, знаев дека што и да направам, ќе бев изваден од игра во 60-та минута. Ова не е критика за него, но е интересно бидејќи секогаш се случуваше“, објасни тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |