August 3, 2025 | | Свет
Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс беше на чекор до трансфер во Барселона на почетокот на летото, но сепак одлучи да остане во Атлетик Билбао. На оваа тема зборуваше фудбалерот на каталонскиот клуб Рафиња, кој испрати интересна порака. „Бев мирен во текот на целата ситуација. Фудбалерите кои сакаат да дојдат во Барселона мораат да се борат за овој клуб. За мене е најважно да имаме играчи кои сакаат да бидат тука. Тие кои не сакаат, најдобро е воопшто да не доаѓаат. Добра работа е што имаме млади таленти кои сакаат да го носат дресот на Барселона. Па така мислам и дека е најдобро што не дојде“, изјави Рафиња.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |