March 26, 2025 | | Свет
Рајан Гигс, легендата на Манчестер Јунајтед и поранешниот ас на велшката репрезентација, се соочува со сериозни финансиски проблеми. Неговиот обид да ја прошири својата деловна империја надвор од фудбалот не заврши според планот – ресторанот „George’s Dining Room and Bar“, кој го купи во 2014 година, отиде во стечај со долг што надминува половина милион евра. Гигс лично изгубил повеќе од 100.000 евра, но вистинските жртви на овој финансиски колапс се вработените. Некои од нив останале без своите плати, а долгот кон нив достигнал 30.000 евра. Дополнителен удар за имиџот на Гигс е начинот на кој ги известил своите работници за отказите – преку порака. „Жал ми е, но немам друг избор“, наводно им напишал, оставајќи ги без работа и без исплатени обврски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |