Рајс сам се намести за црвен картон, Арсенал извади бод против Брајтон! (ВИДЕО)

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рајс сам се намести за црвен картон, Арсенал извади бод против Брајтон! (ВИДЕО)

Арсенал одигра 1-1 против Брајтон на домашен терен, а натпреварот го одбележа Деклан Рајс кој заработи црвен картон. Арсенал поведе до голот на Хаверц во 38. минута, а во 49. минута Деклан Рајс заработи втор жолт картон поради попречување на противнички фудбалер. Со играч помалку, Арсенал прими гол во 58. минута каде стрелец беше Жоао Педро. По голот на гостите, Брајтон притискаше и беше одлучен да дојде до сите три бода, но не успеа. После три одграни кола Арсенал и Брајтон имаат по седум освоени бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.