Рајс: Трката за титулата не е готова

March 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рајс: Трката за титулата не е готова

Арсенал сè уште не се откажува од трката за титулата, иако Ливерпул има значителна предност. Црвените имаат 70 бодови, додека Арсенал е на 55 со натпревар помалку. До крајот на сезоната, Ливерпул ќе одигра уште девет натпревари, а топчиите уште десет. „Ќе дадеме сè од себе до крајот на сезоната. Ливерпул игра неверојатно. Но, уште не е готово. Треба да продолжиме да притискаме, ние сме Арсенал. Има уште многу да се игра“, вели Деклан Рајс. Сепак, за многумина трката за титулата во Премиерлигата веќе е решена, бидејќи тешко е да се замисли дека Ливерпул ќе загуби доволен број бодови за промена на врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.