Ракитиќ: Ни беше досадно и мислевме на други работи, а можевме да освоиме повеќе трофеи

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ракитиќ: Ни беше досадно и мислевме на други работи, а можевме да освоиме повеќе трофеи

Иван Ракитиќ имаше одлична кариера во Барселона каде помина шест години таму, а потоа се врати во Севиља. Тој вели дека Барселона со тие играчи какви што имаше додека тој играше таму каде се вбројуваат Меси, Суарез, Нејмар, Иниеста и Чави морале да освојат повеќе трофеи. Хрватот рече дека фудбалот ги казнил бидејќи почнале да летаат во облаци и им било досадно. „Требаше да освоиме повеќе трофеи, и со сета почит кон другите екипи, не освоивме повеќе бидејќи ни беше досадно и мислевме на други работи. Сами се за*бавме против Рома и Ливерпул. Се чувствувавме супериорни и не го дадовме најдоброто од себе. Доколку покажевме малку повеќе глад за успех, ќе освоевме уште 2 или 3 титули во Лигата на шампиони. Летавме во облаци, мислевме дека сме над другите и фудбалот не казни“, рече Ракитиќ. Тој беше запрашан и за успехот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите каде рече дека не секогаш победува најдобриот тим или фаворитот и дека треба да се борите до крај за да го освоите овој трофеј. „Жално е што најдобриот тим кој сум го видел, оној на Барселона во 2015 година, не освои повеќе трофеи во Лигата на шампиони. Ние освоивме многу, но мислам дека можевме да стигнеме до повеќе трофеи“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.