October 23, 2024 | | Свет
Раководството на Манчестер Јунајтед го гледа Чави Ернандез како една од опциите за тренер на Манчестер Јунајтед доколку клубот одлучи да го отпушти менаџерот Ерик тен Хаг. Според информациите на „Mail Sport“ посредниците на клубот оствариле контакт со поранешната ѕвезда на Барселона двапати во последните неколку месеци. Четиричлена делегација предводена од главниот извршен директор Омар Берада била во Барселона минатиот четврток, иако извори од Јунајтед велат дека во каталонската престолнина неодамна се одржале голем број состаноци на високо ниво бидејќи косопственикот Сер Џим Ретклиф бил таму за да ја поддржи Едриличарскиот тим на Инеос Британија во битката со Нов Зеланд за Купот на Америка. Но, тоа исто така ги поттикна шпекулациите дека Чави би можел да биде претендент ако Тен Хег биде отпуштен. Асистентот на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој би бил очигледна краткорочна замена, а Чави исто така јасно стави до знаење дека не сака повторно да биде тренер во Шпанија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |