Рамос му се додворува на Реал, Перез има други планови

November 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рамос му се додворува на Реал, Перез има други планови

Скоро па сигурно Реал Мадрид ќе ангажира нов стопер во јануари по тешката повреда на Милитао за кого сезоната е завршена. Едно од можните решенија за Реал Мадрид е Серхио Рамос кој наводно посакува да се врати во клубот со тоа што во моментов тој е слободен агент. Иако Шпанецот сака повторно да заигра за Реал, сепак Флорентино Перез не сака да почне преговори со поранешниот фудбалер бидејќи смета дека може да најде подобри опции на пазарот каде прва опција за нив е Ејмерик Лапорт од Ал Наср кој јавно призна дека би прифатил понуда од Реал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.