February 7, 2025 | | Свет
Серхио Рамос официјално ја започна својата нова фудбалска авантура во Мексико, со промоцијата во редовите на Монтереј. За разлика од досегашната кариера, каде што беше препознатлив по бројот 4, сега ќе го носи бројот 93 на својот дрес. Реал Мадрид брзо ја објасни симболиката зад овој избор, потсетувајќи на еден од најлегендарните моменти во клупската историја. „Серхио Рамос ќе настапува за Монтереј. Нашата клупска легенда го избра бројот 93 како потсетник на голот кој сите го паметиме. Тоа е неговата посвета на навивачите, а ние секогаш ќе му бидеме благодарни“, соопштија од „кралскиот клуб“. Станува збор за голот кој Рамос го постигна во 93. минута од финалето на Лигата на шампионите во 2014 година против Атлетико Мадрид. Со тој погодок, Реал се избори за продолженија, по кои славеше со 4-1.
Sergio Ramos will wear 𝗡𝗼. 𝟵𝟯 for Monterrey 🇲🇽 to honor his legendary 90+3 minute equalizer in the 2014 UCL final ⏰🏆 pic.twitter.com/nidx5z3i80
— 433 (@433) February 7, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |