Рангник: Една од најтешките одлуки беше одбивањето на Баерн

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рангник: Една од најтешките одлуки беше одбивањето на Баерн

Ралф Рангник кој во моментов е селектор на Австрија рече дека морал многу да размислува за да ја одбие понудата за преземање на Баерн Минхен. Тој беше една од многуте опции кои се поврзуваше и кој имаше разговори со клубот од Минхен. „Тоа беше една од најтешките одлуки во целата моја кариера. Во Баерн играат четворица мои поранешни играчи и четворица вработени во клубот, кои ги познавам од порано. Зборуваме за еден од гигантите на Европа. Вакви понуди не доаѓаат често. Ја сфатив сериозно и ја разгледав понудата. Сакам да истакнам дека мојата одлука не е против Баерн како клуб“, изјави Рангник во интервју за „Kicker“. На ова ЕП, Австрија е во група со Франција, Холандија и Полска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.