July 2, 2024 | | Свет
Селекторот на Австрија, Ралф Рангник вели дека неговата селекција може да го освои Европското првенство и тој е убеден во тоа. „Пред почетокот на европското првенство реков дека ќе дојдеме до финалето, па дури и дека ќе бидеме шампиони. Мислам дека тоа не е многу веројатно, но мислам дека и не е невозможно. Факт е дека има само еден начин да се оди понатаму, а тоа е да се фокусираме на секој следен натпревар“ – вели Рангник. Тој го коментираше и дуелот со Турција. „Сега како да почнуваме нов турнир, мора да се префрлиме на режим на плејоф. За нас ќе биде важно да имаме многу енергија и да бидеме на највисоко можно ниво. Ни требаат загреани срца на теренот, но мора да се задржи и ладна глава“, објаснува тој. Австрија денеска со почеток од 21 часот ќе се соочи со селекцијата на Турција каде се сметаат за благи фаворити.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |