Раниери по трет пат ќе биде тренер на Рома

November 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Раниери по трет пат ќе биде тренер на Рома

Клаудио Раниери ќе биде новиот тренер на Рома, за него ова ќе биде трет пат да седне на оваа клупа. Газдата на Рома Дан Фридкин имал еден услов, а тоа е Италијанецот да остане само до крајот на сезоната. Раниери прифатил да ја води Рома до крајот на сезоната и да има договор до јуни 2025-та година, а потоа повторно ќе се врати во пензија. Во меѓувреме, клубот ќе може мирно и без притисок да најде нов тренер. Раниери без размислување го прифатил овој предлог и веќе од утре тој ќе биде потврден како нов тренер на Рома. Легендарниот Италијанец два пати ја водеше Рома во текот на својата кариера, од септември 2009 до февруари 2011 година, а потоа и на крајот од сезоната 2018/19, од март до крајот на јуни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.