Рашфорд ги започна преговорите за трансфер во Милан

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рашфорд ги започна преговорите за трансфер во Милан

Претставниците на Маркус Рашфорд вечерва оствариле почетни разговори со Милан за позајмица на крилниот напаѓач во овој преоден рок, пишува The Athletic. Покрај Милан, интерес за Рашфорд има и од страна на Дортмунд и Јувентус. Одамна Рубен Аморим јасно му стави до знаење на Рашфорд дека не смета на него, па веќе неколку недели тој воопшто не игра. Милан има страшен играч на позицијата на која игра Рашфорд. Станува збор за Рафаел Леао кој буквално го уништи Интер во финалето на Суперкупот на Италија. Еден од најголемите предизвици за ваквиот трансфер ќе биде платата на Англичанецот која моментално е неверојатни 325.000 фунти неделно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.