Рашфорд: Сонувам да играм со Ламин Јамал

June 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рашфорд: Сонувам да играм со Ламин Јамал

Англискиот фудбалски репрезентативец Маркус Рашфорд повторно го привлече вниманието на јавноста, откако во искрено интервју откри дека е воодушевен од младиот шпански талент Ламин Јамал и би сакал еден ден да го дели теренот со него. „Секако дека би сакал да играм со него. Секој сака да биде дел од тим со најдобрите. Се надевам… ќе видиме“, изјави Рашфорд, оставајќи простор за можни големи трансфер изненадувања во иднина. Во моментов, 26-годишниот напаѓач се подготвува индивидуално за новата сезона, далеку од Англија – токму во Шпанија. Неговото отсуство од подготовките на Манчестер јунајтед дополнително ги засили шпекулациите за неговата иднина на „Олд Трафорд“. Последната полусезона ја помина на позајмица во Астон Вила, каде што, според неговите зборови, се пронашол на нова позиција – централен напаѓач. „Сè повеќе ми одговара улогата на деветка. Подобро се снаоѓам кога играм со грб кон голот. Почнувам да ја чувствувам таа позиција како природна и кога си поблиску до шеснаесетникот, стануваш вистинска закана за противниците“, вели Рашфорд, кој во Вила имаше солидна серија настапи и голови. Рашфорд е во заладени односи со новиот менаџер Рубен Аморим, кој уште во декември го отстрани од тимот. Наводно, напаѓачот му соопштил на клубот дека нема намера да настапува додека Португалецот е на чело на тимот, што ги отвора вратите за можна преселба ова лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.